Работодавачи

koper

Вработување на пристаништето во Копер!

Извонредна можност за вработување на Пристаништето Копер во најдобрата фирма за утовар, истовар и транспорт на возила.

Во моментов имаме отворени позиции за работа во следниве области:

RORO - (Roll-on/Roll-off) - постапката на товарење и истовар на возила на бродот. Техника  која им овозможува на возилата да се движат на бродот, влегувајќи и излегувајќи со помош на сопствените тркала. Наместо да го креваат возилото со кран или друг уред, возилата едноставно се возат на бродот и се паркираат на соодветно место. Оваа техника го олеснува и го забрзува процесот на утовар и истовар на возила на бродот.

Брод – истовар и утовар на возила бродови.

Прицврстување - прицврстување на возилата на бродот

✨ Услови за пријавување: ✨

  • Возраст до 45 години.
  • Физичка и здравствена способност.
  • Важечка возачка дозвола категорија B.
  • Разбирање на српски, хрватски или сличен јазик.
  • Потврда дека не сте осудувани или потврда за казнена евиденција.

🎯 Што нудиме: 🎯

  • Работна дозвола и дозвола престој за 1 година.
  • Почетна плата од 1300 евра бруто плус додатоци ( полно работно време од 40 часа неделно, има простор за дополнителни саати по желба на работникот).
  • Додатоци за ноќна смена, празници и работа неделава.
  • Здравствено и социјално осигурување.
  • Регрес за годишен одмор плус бонус за Божиќ.
  • Платен топол оброк и транспорт до работа.
  • Награди на месечно ниво.
  • Платен годишен одмор.
  • Можности за напредување.
  • Обезбедено сместување - 250 евра по лице со сите вклучени трошоци.

Приклучете се на нашиот тим и остварете успех во работната средина на Лука Копер. Испратете го вашиот CV на маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со назнака: Апликација за работа на Пристаништето Копер и пријавете се веднаш!

За Нас

Контекст е тим составен од дипломирани филолози кои имаат огромно искуство во спроведување на програмите за културна размена. Секој од тимот бил на некоја од програмите за културна размена. Наши карактеристики се исклучителна професионалност, висок стандард во комуникација, искрена и напорна работа со која Агенција Контекст стана препознатлива и почитувана агенција на целиот Балкан и пошироко.

Долгорочно вработување

Локација

Употреба на колачиња (Cookies)

Оваа веб-страна користи колачиња за автентикација, навигација и останати функции. Со користење на веб-страната се согласувате да ги добиете колачињата на вашиот уред.