Потребна документација за студентската работа во Германија

Прв чекор во реализацијата на вашата студентска работа во Германија е да ја пополните апликацијата за студентска работа во Германија
По пополнувањето на апликацијата, потребно е да ја обезбедите следната документација:

1. Копија од пасош

2. Копија од CV-то со кое сте аплицирале. Доколку немате готово CV, можете да го генерирате преку нашата апликација ТУКА. По генерирањето, CV-то ќе ви биде испратено на е-пошта. Ве молиме проверете и во spam/junk фолдер, доколку не го најдете во главното сандаче

3. Потврда за редовен студент на англиски или германски јазик, целосно печатена, без рачно пополнувани податоци. Потврдата треба да биде без татково име, бидејќи германските институции го поистоветуваат со средно име (middle name). Доколку факултетот не издава потврда на англиски или германски јазик, треба да ја преведете на судски преведувач, или тоа може да го сторите кај нас за 500 денари.

4. Формуларот Erklärung zur Immatrikulationsbescheinigung, кој треба индивидуално да го пополните и да го заверите на факултет во 3 примерока. Формуларот можете да го преземете ТУКА, а доколку имате потешкотии при пополнувањето на документот, ве молиме да го погледнете видеото во прилог кое се состои од инструкции како да го пополните.

5. Откако ќе ги обезбедиш сите документи, ќе треба да пополниш Договор за посредување при вработување и Изјави/согласности за заштита на твоите лични податоци. Тие документи/изјави ќе ги добиеш на емаил порака откако ќе ја пополниш апликaцијата за Студентска работа во Германија.

 

За Нас

Контекст е тим составен од дипломирани филолози кои имаат огромно искуство во спроведување на програмите за културна размена. Секој од тимот бил на некоја од програмите за културна размена. Наши карактеристики се исклучителна професионалност, висок стандард во комуникација, искрена и напорна работа со која Агенција Контекст стана препознатлива и почитувана агенција на целиот Балкан и пошироко.

Локација

Употреба на колачиња (Cookies)

Оваа веб-страна користи колачиња за автентикација, навигација и останати функции. Со користење на веб-страната се согласувате да ги добиете колачињата на вашиот уред.