За нас

Контекст е компанија која е формирана во септември 2007 и веќе 16 години успешно функционира во својата област. Оттогаш, имаме вработено преку 18.000 лица во странство и имаме испратено преку 20.000 студенти на студентска размена, без разлика дали тоа било во Германија или САД. Потребно ни беа околу 30.000 работни часови, преку 300.000 меилови и безброј повици за секој кандидат кој се одлучил да соработува со Контекст да биде задоволен.

Контекст е тим составен од дипломирани филолози кои имаат огромно искуство во спроведување на програмите за културна размена и буквално секој од тимот бил барем еднаш на една од студентските програми. Наши карактеристики се исклучителна професионалност, висок стандард во комуникација, достапност во секое време, искрена и напорна работа со која Агенција Контекст стана препознатлива и почитувана агенција на целиот Балкан и пошироко.

Поради тоа што и самите вработени ги искусиле нашите програми, сигурни сме дека можеме да ви одговориме на секое прашање поставено од ваша страна. Затоа, доколку имате нејаснотии, или едноставно не знаете што да очекувате од програмите, можете да не’ посетите во нашите канцеларии, да не’ контактирате на меил, или пак да ни пишете директна порака на нашите социјални мрежи. Се разбира, доколку е нешто итно, во секое време сме достапни и на нашите телефони.

Нашиот Тим

Добринка Демјански

Добринка Демјански

Senior program coordinator USA & HR
studenten1@kontext.mk

Сара Дестановиќ

Сара Дестановиќ

Senior program coordinator Germany
contact@kontext.mk

Љупка Намичева

Љупка Намичева

Program coordinator Germany
ljupka@kontext.mk

Кристина Ивановска

Кристина Ивановска

Program coordinator Germany
contact@kontext.mk

За Нас

Контекст е тим составен од дипломирани филолози кои имаат огромно искуство во спроведување на програмите за културна размена. Секој од тимот бил на некоја од програмите за културна размена. Наши карактеристики се исклучителна професионалност, висок стандард во комуникација, искрена и напорна работа со која Агенција Контекст стана препознатлива и почитувана агенција на целиот Балкан и пошироко.

Долгорочно вработување

Локација

Употреба на колачиња (Cookies)

Оваа веб-страна користи колачиња за автентикација, навигација и останати функции. Со користење на веб-страната се согласувате да ги добиете колачињата на вашиот уред.