FAQ Германија

 FAQ – Често поставувани прашања - Студентска работа во Германија

-  За програмата

Што претставува програмата Work & Travel Deutschland?
Work & Travel Deutschland, или како што е попозната во Германија – Ferienbeschäftigung, претставува летна студентска работа преку која студентите ги користат дозволените 90 дена во Европската Унија за работа, патување и дружење во Германија.

Дали учесниците на Work & Travel Deutschland имаат потреба од виза?
Македонските граѓани имаат право на престој до 90 дена во ЕУ без виза. Тоа значи дека студентите на оваа програма ги користат токму тие 90 дена. Ако студентот претходно престојувал во ЕУ, тие денови се бројат во лимитот и задолжително треба да се пријават во агенцијата. За работа се аплицира за работна дозвола, која се издава за 4–8 недели по поднесување на барањето.

Дали и во програмата во Германија има спонзор?
Не. Контекст е директен регрутер за партнерите и работодавачите во Германија. Поради тоа посредувањето за оваа програма е бесплатно. Студентите плаќаат само задолжително патничко и здравствено осигурување за времетраењето на престојот. Како студенти, тие плаќаат само персонален данок и се ослободени од пензиско, здравствено и социјално осигурување.

Што претставува Steuernummer?
Steuernummer е даночен број со кој студентот влегува во германскиот даночен систем. Овој број мора да се добие пред првата плата за да не биде ставен во погрешна даночна класа (Klasse 6), каде се плаќа повеќе данок. Ако бројот задоцни, надплатениот износ може да се врати следната година преку поврат на данок.

? Важно: Агенцијата не е надлежна за издавање на Steuernummer. Тоа го прават исклучиво германските институции, па времетраењето зависи од нивната обработка.

- За работата

Дали може студентите да го променат работното место за време на програмата?
Не. Промена на работно место бара отказ и повторна постапка (минимум 4 недели), во текот на која кандидатот не може да работи. Затоа, задолжително прво контактирајте ја агенцијата пред каква било одлука.

Дали е дозволено да се работи повеќе од една работа?
Не. Работната дозвола важи само за еден работодавач и на неа е впишано името на фирмата. Работење на друго место би се сметало за работа на црно. Минимален фонд е 169 часа месечно, со можност за повеќе ако и студентот и работодавачот се согласат.

Дали можат неколку студенти да работат заедно на исто место?
Да, ако тоа се наведе при аплицирањето. Контекст се труди да излезе во пресрет:

    • За 2 кандидати → гарантирано.
    • За групи до 4 → можно е додека има доволно работни места.
    • Поголеми групи → само по договор.

Сепак, нема гаранција за заеднички смени или специјално сместување за групи или парови

- За времетраењето

Кога започнува и до кога трае програмата Work & Travel Deutschland?
Пријавувањето започнува во октомври. Законскиот распуст во Македонија е од 01.06 до 30.09.2026. Студентите мора да наведат период од максимум 90 дена, на пример:

    • 01.06 – 31.08.2026
    • 15.06 – 14.09.2026
    • 01.07 – 28.09.2026

Потпишаниот договор мора да се почитува. Допуштено е само заминување 2–3 дена пред официјалниот крај.

До кога трае пријавувањето?
Пријавите се отворени до пополнување на сите работни позиции. Од искуство:

    • ~90% од местата се пополнуваат до март
    • останатите до април

За Нас

Контекст е тим составен од дипломирани филолози кои имаат огромно искуство во спроведување на програмите за културна размена. Секој од тимот бил на некоја од програмите за културна размена. Наши карактеристики се исклучителна професионалност, висок стандард во комуникација, искрена и напорна работа со која Агенција Контекст стана препознатлива и почитувана агенција на целиот Балкан и пошироко.

Локација

Употреба на колачиња (Cookies)

Оваа веб-страна користи колачиња за автентикација, навигација и останати функции. Со користење на веб-страната се согласувате да ги добиете колачињата на вашиот уред.