Студентска работа во USA

Што треба да знаете за САД пред да се одлучите да ги посетите?

САД се предизвик за сите млади да ја посетат и да уживаат во сé што може да понуди.  САД е наречена „земја на слободните“, токму затоа што на сите им нуди еднакви шанси за постигнување и напредок. Веројатно најважно е што Американците го ценат секој човек и не носат деловни и приватни одлуки врз основа на националност, социјален статус, семејство. Она што го ценат кај луѓето е индивидуалноста и независноста. Американците се многу внимателни за сите нивни успеси, без разлика дали успеваат во спортот, работата или било што може да ви изгледа банално.

Или едноставно, сигурно гледате американски филмови и слушате американска музика. Носите американски брендови за облека, и користите техника развиена од американски компании. Се восхитувате на блиските или познаниците што веќе биле таму и на нивните слики на facebook и instagram. И мислите дека знаете сè што треба да знаете за Америка.  Бидете сигурни, единствениот начин на кој вистински може да ја запознаете огромната ветена земја, е всушност да живеете и работите одредено време таму. Американската реалност и начин на живот ќе ви биде многу поблизок, за време на вашиот летен распуст.


Информации за програмата Work & Travel USA

Програмата W&T е наменета за редовни студенти кои сакаат да работат, патуваат и да ја посетат Америка. Визата што се добива е J1 виза наменета токму за оваа програма. Целта на програмата е стекнување работно искуство, професионален развој, како и запознавање на американската култура и стекнување нови пријатели.

Програмата USA Work & Travel  постои уште од  1960 година кога US State Department започна серија програми преку кои на младите луѓе ширум светот им беше дадена можност да го искусат „американскиот начин на живот“ на одреден временски период. Со учество во програмата за културна размена Work and Travel, студентите добиваат можност да поминат до пет месеци во САД, работејќи сезонска студентска работа со студенти од целиот свет, а во исто време и имаат одлична можност за патување низ цела Америка. Контекст ја организира оваа програма во Македонија во соработка со спонзори, односно официјални акредитирани американски организации коишто се одговорни за работната позиција, осигурувањето и целосната постапка за издавање на потребните документи за виза.

Програмата Work and Travel започнува во текот на месеците мај и јуни, во зависност од започнувањето на официјалниот летен распуст, додека точниот датум на тргнување се одредува во согласност со работната понуда. Во Македонија официјалниот распуст започнува на 01 јуни и завршува на 30 септември. Студентите не можат да започнат со работа пред тој датум. По овој датум, завршува работниот договор, но остануваат уште 30 дена кои можат да се искорисат за патување низ Америка. По завршувањето на работниот дел од програмата, учесникот има право да престојува во САД уште 30 дена, но исклучиво за туризам, што е вистинска можност за патување, дружење и запознавање луѓе и места низ цел САД. Работата во овој период е строго забранета.


Работни позиции и локации

Сите студентски работни места за програмата Work and Travel се сезонски. Не е потребно посебно работно искуство или квалификација за работните позиции. За работните позиции што имаат директен контакт со клиенти е потребно одлично познавање на англискиот јазик. Со учеството на програмата Work and Travel ви се дава можност да работите легално и да имате целосни права, исто како и американските граѓани. Исто така, доколку сакате, можете лесно да најдете дополнителна работа, втора, трета работа и да заработите дополнителни приходи. Секое работно место е регуларно платено, како регуларна исплата за сите прекувремени работни часови. Полно работно време подразбира 40 часа неделно, а повеќето работодавци плаќаат и прекувремена работа, односно 50% повеќе од основната плата! Ако вложите труд, можете да заработите повеќе од пристојна сума пари за едно лето во САД. Работните позиции се платени од час и платата се движи од 9 до 19 долари/час.

Најпопуларните локации каде одат студентите се:

  • Block Island
  • Mackinac Island
  • Martha’s vineyard
  • Nantucket
  • Maine
  • Newport
  • Ocean City
  • Wildwood
  • Cape May
  • Virginia Beach
  • Myrtle Beach
  • Louisville
  • Seaside Heights
  • Branson
  • Estes Park
  • Veil
  • Harbor Springs
  • Chincoteague
  • Bethany Beach
  • Rehoboth Beach

Услови и за учество на програмата

За да учествувате во програмата за студентска размена Work and Travel, треба да се исполнуваат следните услови:

  • Редовен студент на додипломски или постдипломски студии;
  • Добар академски статус, односно редовно полагање на испити;
  • Возраст помеѓу 18 и 26 години;
  • Познавање на англискиот јазик на ниво што одговара на посакуваното работно место;
  • Доволно средства за програмата и за патувањето.

На програмата можат да се учествуваат студенти од Македонија, студенти коишто не се од Македонија, а студираат во Македонија или студенти од Македонија коишто студираат надвор од Македонија. Исто така студентите треба да се одговорни, вредни, толерантни, флексибилни и подготвени да стекнат нови знаења и искуства. Доколку ги исполнувате горенаведените услови, не ја пропуштајте можноста да го поминете ова лето на програмата Work and Travel USA!


Пријавување и процедура за програмата Work & Travel USA

Пријавувањето за програмата започнува  од 1 ноември и трае до 1 април, односно до пополнување на местата. Предност во изборот на работно место и локација имаат оние кои аплицираат порано. Пред да аплицирате за програмата, ве советуваме да не посетите или да не контактирате телефонски, за да можеме да закажеме бесплатна консултација и презентација на програмата и да одговориме на сите прашања што ги имате. При пријавувањето за програмата, потребно е да понесете со себе:

  • Пасош;
  • CV (лична биографија) на англиски јазик;
  • Индекс;
  • потврда за редовен студент;
  • 3000 денари за апликативни трошоци

Кога се регистрирате кај нас, ќе ги добиете сите потребни информации за програмата, работните места, датумите и процедурите. Постапката за започнување на програмата Work and Travel USA е едноставна:

  1. Пријавување на програмата, пополнување на апликација и потпишување на основниот договор за учество во програмата;
  2. Избор на понуда за работа и интервју на Skype со спонзор или работодавач;
  3. Процесот на обработка на документација и издавање DS-2019, по потпишаната понуда за работа;
  4. Закажување интервју во Амбасадата на САД;
  5. Добивање виза и организирање на патувањето во САД;
  6. Резервирање и организација на повратен авионски билет;
  7. Ориентација пред поаѓање;
  8. Патување во САД

Нашиот тим ќе ве води низ сите чекори на програмата, со постојана поддршка за целата процедура да биде што е можно поедноставна.


Заклучок

Доколку си солиден студент кој редовно ги положува своите испити, немаш повеќе од 26 години, зборуваш англиски, се’ уште се мислиш каде да го поминеш следното лето, а сакаш дружба, забава, запознавање со луѓе од целиот свет, шопинг, имаш желба да ги посетиш најпознатите и најпопуларните метрополи во светот, а притоа да заработиш одлична сума на пари, тогаш следниот чекор е да аплицираш за оваа програма и да почнеш со подготовка на документите веднаш!

- Апликациите се во тек и можете да аплицирате на: Апликација за студентска работа


Имате дополнителни прашања, а не можете да ги посетите нашите канцеларии? Закажете си онлајн инфо сесија на: Calendly

За Нас

Контекст е тим составен од дипломирани филолози кои имаат огромно искуство во спроведување на програмите за културна размена. Секој од тимот бил на некоја од програмите за културна размена. Наши карактеристики се исклучителна професионалност, висок стандард во комуникација, искрена и напорна работа со која Агенција Контекст стана препознатлива и почитувана агенција на целиот Балкан и пошироко.

Локација

Употреба на колачиња (Cookies)

Оваа веб-страна користи колачиња за автентикација, навигација и останати функции. Со користење на веб-страната се согласувате да ги добиете колачињата на вашиот уред.