Александар Јанески

Александар Јанески

Највозбудливото лето до сега дефинитивно беше летото 2019та, кое го поминав благодарение на work and travel програмата во Хамбург. Тоа ми беше првиот предизвик да работам надвор од Македонија и да го осетам европскиот дух на своја кожа. Мемориите создадени од дневните прошетки низ Хамбург, како и летниот одмор поминат во Копенхаген со моите другари засекогаш ќе ми бидат драги потсетници на едно животоградечко поглавје. Дружбата секако почнуваше на работа каде ние заедно со блиските колегите од Балканот, како и од други култури различни од нашата, создававме позитивна енергија која најчесто се продолжуваше и по работното време. Ваквото искуство му го препорачувам на секој авантурист кој сака со свој труд да заработи, а во исто време и да ги види и прошета европските престолнини."

За Нас

Контекст е тим составен од дипломирани филолози кои имаат огромно искуство во спроведување на програмите за културна размена. Секој од тимот бил на некоја од програмите за културна размена. Наши карактеристики се исклучителна професионалност, висок стандард во комуникација, искрена и напорна работа со која Агенција Контекст стана препознатлива и почитувана агенција на целиот Балкан и пошироко.

Долгорочно вработување

Локација

Употреба на колачиња (Cookies)

Оваа веб-страна користи колачиња за автентикација, навигација и останати функции. Со користење на веб-страната се согласувате да ги добиете колачињата на вашиот уред.