Zaštita ličnih podataka

Политика на приватност на Приватна агенција за вработување Контекст Вработување Скопје

Заштитата на приватноста и доверливоста на податоците на клиентите и вработените е од најголемо значење за Приватна агенција за вработување Контекст Вработување Скопје (во натамошниот текст: “Контекст Вработување“), притоа земајќи ја предвид и природата на работењето како и податоците коишто се прибираат при нивното тековно работење.

Политика за приватност на Контекст Вработување има за цел да го објасни процесот на собирање, користење, обработка, откривање, заштита и уништување („животниот циклус“) на личните податоци коишто ги обработува.

Секоја активност поврзана со личните податоци, Контекст Вработување ја спроведува во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци и подзаконските акти донесени врз основа на овој Закон.

За целите на заштита на личните податоци, Контекст Вработување има назначено Офицер за заштита на личните податоци (контакт податоци подолу), кого субјектите можат да го контактираат за прашања поврзани со обработката на нивните лични податоци и за остварувањето на нивните законски права. 

1. УЛОГАТА НА КОНТЕКСТ ВРАБОТУВАЊЕ СПОРЕД ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Контекст Вработување согласно одредбите на Законот за заштита на личните податоци е Контролор, односно правно лице коешто ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци на субјектите на лични податоци.

2. ОСНОВНИ НАЧЕЛА

Како контролор, Контекст Вработување обезбедува заштита и обработка на личните податоци во согласност со важечката правна рамка којашто ја следи на редовна основа и за таа цел обезбедува дека личните податоци на субјектите се обработуваат во согласност со следните начела:

  • Законитост, правичност и транспарентност – личните податоци се обработуваат согласно со закон, во доволна мера и на транспарентен начин во однос на субјектот на личните податоци;
  • Ограничување на целите – личните податоци се собираат за конкретни, јасни и легитимни / со закон утврдени цели и нема да се обработуваат на начин што не е во согласност со тие цели;
  • Минимален обем на податоци – личните податоци кои се обработуваат се соодветни, релевантни и ограничени на она што е неопходно во однос на целите заради кои се обработуваат. Ова начело е релевантно и во однос на пристапот до личните податоци кои се обработуваат;
  • Точност – личните подaтоци се точни и, каде што е потребно, ажурирани, при што се преземаат сите соодветни мерки за навремено бришење или корегирање на податоците што се неточни или нецелосни;
  • Ограничување на рокот на чување – личните податоци се чувани во формат кој овозможува идентификација на субјектите на личните податоци, не подолго од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат личните податоци. Личните податоци може да се чуваат подолго од нивниот рок на чување ако се обработуваат само за целите на архивирање од јавен интерес, за научни или историски истражувања или за статистички цели во согласност закон, а со применување на соодветни технички и организациски мерки заради заштита на правата и слободите на субјектот на личните податоци;
  • Интегритет и доверливост - личните податоци се обработуваат на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка како и нивно случајно уништување или оштетување, со примена на соодветни технички или организациски мерки; и
  • Начело на отчетност [accountability] - Контекст Вработување е одговорен за усогласеноста со горенаведените начела и може да ја демонстрира усогласеноста во секое време, особено по барање / контрола на внатрешните ревизори, Офицерот за заштита на личните податоци или пак Агенцијата за заштита на личните податоци.

Горенаведените начела на обработка се применуваат кумулативно, сите заедно во текот на севкупниот циклус на обработка на личните податоци.

3. КАТЕГОРИИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ КОИШТО СЕ ОБРАБОТУВААТ ОД СТРАНА НА КОНТЕКСТ ВРАБОТУВАЊЕ

Контекст Вработување собира, чува и обработува лични податоци што клиентите ги откриваат или веќе ги откриле на Контекст Вработување, како и потенцијалните и / или постојни клиенти и генерално, лицата кои вршат деловни активности  со Контекст Вработување.

Особено, Контекст Вработување може да врши обработка на следниве лични податоци:

Личните податоци што ги доставуваат субјектите, како што се: назив на физичко лице, име, презиме, ЕДБГ, фирма, ЕМБС, ЕДБ , адреса, поштенски код, град, земја, телефон.

Вработување : име и презиме, датум на раѓање, ЕМБГ, место на раѓање, адреса на живење, државјанство, пол, степен и вид на образование, националност, трансакциска сметка, емаил адреса, телефонски број за контакт - Правен основ за обработување на овие податоци е исполнување на законска обврска која произлегува од Законот за работни односи. Податоци за вработените во Контекст Вработување поопширно се објаснети во Анекс 2 на оваа Политика;

Пријави за вработување : име, презиме, датум на раѓање, место на раѓање, адреса на живеење, државјанство, пол, ЕМБГ, степен и вид на образование, работно искуство, емаил адреса, телефонски број за контакт – Правен основ за обработување на овие податоци е исполнување на законска обврска која произлегува од Законот за работни односи. Податоци за кандидатите за вработување во Контекст Вработување се поопширно објаснети во Анекс 2 на оваа Политика;

Личните податоци што ги обработува Контекст Вработување се чуваат во хартиена и / или електронска форма.

 4. ЦЕЛИТЕ НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Контекст Вработување ги обработува личните податоци на субјектите коишто се собираат при воспоставувањето / продолжувањето на деловниот однос со Контекст Вработување, за следните цели:

A. Во контекст на извршување на договор или пред неговото потпишување, особено:

  1. да гo потврди идентитетот на клиентот;
  2. да оствари комуникација со клиентите при преземањето на преддоговорните дејствија или за прашања поврзани со деловниот однос со Контекст Вработување, вклучително и да преземе дејствија за наплата на достасаните побарувања на Контекст Вработување;
  3. да го подготви, склучи и да управува со Договорот склучен со Контекст Вработување и да преземе дејствија за исполнувањето на обврските кон клиентите како и со цел извршување, управување, следење и обработка на клиентските трансакции односно да обезбеди ефикасно да го обезбеди бараната услуга од Контекст Вработување;
  4. да ја оцени соодветноста за понуда на услуга

Б. Во контекст на законското и тековното работење на Контекст Вработување и заштитата на нејзините права и законски интереси, особено:

  1. да ги развива и / или подобрува услугите што ги нуди Контекст Вработување во однос на преференциите на клиентите;
  2. да одговори на Барања / Поплаки од клиенти;
  3. да ги процени и да управува со ризиците во врска со работењето на Контекст Вработување;
  4. да спречи извршување на кривични дела (пр. измами) и да идентификува и собира податоци за незаконски активности, за физичко обезбедување на лица и имот (вклучувајќи го и системот за видео надзор);
  5. да ги извршува своите правни побарувања пред судските органи или други тела за вонсудско / алтернативно решавање на спорови,
  6. да ги проценува и оптимизира безбедносните процедури, ИТ системите итн.

В. Врз основа на дадена согласност:

Напоменуваме дека согласност не е потребна во следниве случаи:

  • за извршување на договор склучен со Контекст Вработување или со цел преземање на потребните активности во врска со Барањето што клиентот го поднел пред пристапување кон договорот;
  • за исполнување на законска обврска на Контекст Вработување како контролор;
  • за заштита на суштинските интереси на клиентите или на друго лице;
  • за извршување на работи од јавен интерес; и
  • кога обработката е потребна за целите на легитимните интереси на Контекст Вработување или на трето лице, освен кога таквите интереси не преовладуваат над интересите или основните права и слободи на субјектите за кои е потребна заштита на лични податоци, особено кога субјектот е дете.

Контекст Вработување применува соодветни мерки за заштита на правата и слободите и легитимните интереси на субјектите на лични податоци, а најмалку правото на обезбедување на човечка интервенција од страна на Контекст Вработување, право на изразување на личен став и право на оспорување на таквата одлука. Ваквиот тип на Одлуки не се засноваат на посебни категории на лични податоци, освен во случаите дозволени со Законот за заштита на личните податоци.

5. КОРИСНИЦИТЕ НА КОИ КОНТЕКСТ МОЖЕ ДА ГИ ОТКРИЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА СУБЈЕКТИТЕ

Контекст Вработување ги открива личните податоци на јавни органи во согласност со нивните законски овластувања.

  • Друштва за осигурување – со цел реализација на права од приватно осигурување на вработените (здраствено, пензиско или друг тип на осигурување);
  • Управата за јавни приходи (со седиште бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје) , со цел плаќање даноци остварени од вршење на дејноста
  • Банки и други финансиски институции – со цел комуникација и регулирање на должничкопобарувачки односи меѓу потрошувачи и Контекст Вработување и вршење на сметководствени работи поврзани со вработените на Контекст Вработување
  • Министерство за внатрешни работи , (со седиште ул.Димче Мирчев бр.9, 1000 Скопје) во случај на безбедносни инциденти поврзани со потрошувачи, вработени или други лица кои би можеле да бидат вклучени во безбедносни инциденти
  • Агенција за заштита на личните податоци (со седиште бул.„Гоце Делчев“бр. 18), во случај на безбедносни инциденти со прoтекување на информации на вработени или корисници
  • Нотари, извршители или адвокати , во случаи на потреба од правна помош
  • Државен санитарен и здравствен иснспекторат (со седиште Михаил Зонков бб-Скопје) , со цел на достава на детали поврзани со извршена или планирана инспекција
  • Носители на јавни овластувања , Со цел спроведување на законот, под одредени околности, од Компанијата може да се бара да ги открие Вашите лични податоци доколку тоа

го бара со закон или како одговор на валидни барања од јавните органи (на пример, инспекциски служби, суд, обвинителство или друг надлежен орган).

Компанијата може да ги открие вашите лични податоци доколку таквата акција е неопходна за:

  • Усогласување со некоја законска норма
  • Спречување или истражување на можни грешки при давањето на услугите од страна на компанијата
  • Заштита на личната безбедност на корисниците на услугата или на јавноста
Обработувачи на податоци кои можат да имаат пристап до личните податоци
  • Агенции за наплата на побарувања - со цел вршење на услуги за наплата на побарувања во должничко-доверителски односи со потрошувачи
  • Маркетинг агенции – со цел вршење на активности со цел реализација на маркетинг активности, за информирање на потрошувачи за нови продукти и новости поврзани со Контекст Вработување
  • Надворешни изведувачи на ИТ услуги - со цел вршење на услуги за одржување на системите, администрација и развој на системи и апликации, кои би можеле да имаат пристап до согласностите на клиентите или до податоци на вработените
  • Сметководители - со цел извршување на активности од областа на смеководството, давање примања на вработени, плаќање на должности и давачки.
  • Надворешни даватели на услуги поврзани со архивирање на податоци со цел водење на архивата кои може да имаат податоци за вработени или за клиенти
  • Компанија која врши достава на нарачани продукти

Контекст Вработување соработува само со трети лица кои можат да имплементираат соодветни технички и организациски мерки согласно регулативата и стандардите на Контекст Вработување, при тоа овозможувајќи соодветна заштита на личните податоци. Во вакви случаи, третите лица (обработувачите на личните податоци) се обврзани со конкретен Договор за обработка на лични податоци кој обезбедува дека личните податоци се обработуваат само во согласност со инструкциите дадени од Контекст Вработување и со почитување на заштитни технички и организациски мерки со кои се обезбедува безбедност на личните податоци.

ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД НА ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА СУБЈЕКТИТЕ И СОСТОЈБАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ПО ИСТЕК НА ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД

Должината на времето кога ги чуваме Вашите информации зависи од тоа за каков вид на информации станува збор.

Сите податоци поврзани со вработените се чуваат согласно барањата на Законот за работни односи и Законот за архивско работење, односно во временски рок од 45 години.

Сите извештаи за вработени како што се дисциплински и истраги се чуваат 3 години по завршување на работниот однос.

Поплаките кои ги даваат корисниците се чуваат 3 години.

Податоците добиени од потрошувачите или други клиенти преку потпишување на договор се обработуваат за времетраење до исполнување на облигациите од тој договор и се бришат најдоцна 1 година по исполнување на сите права и обврски кои произлегуваат од тој договор.

Сите добиени согласности од страна на субјектите на личните податоци се чуваат 6 години или до повлекување од страна на субјектот на личните податоци.

Ние ја чуваме нашата евиденција барем за минималниот наведен потребен период на задржување.

6. ПРАВА НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Субјектите на лични податоци имаат одреден сет на права утврдени со Законот за заштита на лични податоци кои се подолу објаснети.

  • Право на информираност (член 16, 17 и 18 од Законот)

Контекст Вработување ги информира субјектите на лични податоци за процесот на обработката на податоците, целите на обработката, категориите на лични податоци што се обработуваат, корисниците/категориите на корисници доколку ги има, намерата за преку – граничен пренос (доколку се пренесени,  информации за соодветните заштитни мерки со можност за добивање на копија или информација каде се достапни), временскиот период на чување на личните податоци/критериумите што се користат за одредување на тој период, легитимните интереси на Контекст Вработување ако обработката се врши согласно овој основ за обработка на личните податоци, постоењето на автоматизиран процес на одлучување, вклучувајќи го и профилирањето, како и информација за правата на субјектите на лични податоци. Во согласност со начелото на транспарентност, Контекст Вработување ги информира субјектите на лични податоци за работите поврзани со личните податоци преку: Информациите за субјектите на личните податоци достапно во просториите на Контекст Вработување и преку Известувањето за видео-надзор каде што Контекст Вработување има поставено камери.

Напоменуваме дека Контекст Вработување не е должен да ги достави овие информации во случаите предвидени со Законот за заштита на личните податоци (член 18 став 5).

  • Право на пристап (член 19 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да добијат потврда од Контекст Вработување дали се обработуваат нивните лични податоци и доколку се обработуваат имаат право да добијат информации согласно правото на информирање.

  • Право на исправка или дополнување (член 20 и 23 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право на исправка на нивните неточни лични податоци.

  • Право на бришење на податоците (член 21 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да побараат од Контекст Вработување да ги избрише нивните лични податоци, доколку се исполнети условите согласно Законот за заштита на личните податоци. Во суштина, по барање на субјектот на личните податоци, Контекст Вработување ќе ги избрише истите само доколку личните податоци повеќе не се потребни за целите за кои биле собрани или пак, каде што е релевантно, субјектот на лични податоци ја повлекол својата согласност а личните податоци биле обработувани врз основа на дадената согласност.

При бришење на личните податоци, Контекст Вработување води сметка истите да се избришат и од страна на третите страни со кои Контекст Вработување соработува а кои ги обработуваат тие податоци.

  • Право на ограничување на обработката (член 22 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да побараат од Контекст Вработување да ја ограничи обработката на нивните лични податоци, доколку се исполнети условите согласно Законот за заштита на личните податоци вклучително и под услов обработката да не е повеќе неопходна за усогласување со законска обврска која бара обработка според закон што се применува во однос на Контекст Вработување.

  • Право на приговор (член 25 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да поднесат приговор до Контекст Вработување во секое време, врз основа на конкретна ситуација поврзана со нив, кога обработката на нивните лични податоци се заснова врз основа на легитимниот интерес на Контекст Вработување или трето лице или јавниот интерес вклучувајќи и профилирање засновано на овие основи. Доколку личните податоци се обработуваат за цели на директен маркетинг, субјектите имаат право во секое време да поднесат приговор на обработката на личните податоци и да побараат Контекст Вработување да ја запре натамошната обработка на личните податоци за тие цели.

- Право на регулирање на било какво автоматско донесување на одлуки и профилирање (член 26 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да не бидат предмет на одлука заснована единствено на автоматизирана обработка на нивните лични податоци, вклучувајќи го и профилирањето што предизвикува правни последици или на сличен начин значително влијае на клиентот, освен во случаите предвидени со Законот за заштита на личните податоци.

- Право на преносливост (член 24 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да ги добијат нивните лични податоци, а кои ги имаат дадено на Контекст Вработување во структуриран, вообичаено користен, машински читлив формат при што имаат право да ги пренесат на друг контролор, без попречување од страна на Контекст Вработување, доколку се исполнети условите согласно Законот за заштита на лични податоци.

Напоменуваме дека Барањето за остварување на правата можете да го поднесете на адреса Митрополит Теодосиј Гологанов бр.28 локал 4, Скопје со назнака „за Офицер за заштита на лични податоци“ или електронски, на е-адресата Ova adresa e-pošte je zaštićena od spambotova. Omogućite JavaScript u vašem brauzeru da biste je videli. при што треба електронски да го потпишете Барањето или пак да го испратите скенирано пополнетото Барање.

Бараните информации Контекст Вработување ќе ги обезбеди без надоместок освен во случај кога Барањата се очигледно неосновани или прекумерни, особено ако се повторуваат истите барања. Во овие случаи Контекст Вработување или ќе одбие да постапи по Барањето или ќе наплати надоместок имајќи ги предвид обемот, сложеноста и времето потребно за обезбедување на информацијата или постапувањето по Барањето, за што барателот соодветно ќе биде известен.

Исто така, напоменуваме дека доколку се побара повеќе од една копија од личните податоци што се обработуваат, Контекст Вработување донесува одлука дали ќе наплати надоместок при што ги зема предвид обемот, сложеноста и времето потребно за обезбедување на копиите.

8. БЕЗБЕДНОСТ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Контекст Вработување ги презема потребните технички и организациски мерки со цел да осигура дека личните податоци се заштитени од случајно губење или откривање, уништување или злоупотреба. За оваа цел, се применуваат голем сет на технички и организациски мерки со кои Контекст Вработување гарантира дека личните податоци се обработуваат строго согласно Законот за заштита на личните податоци и дека се обработуваат од добро обучени лица со ограничен и контролиран пристап до истите и преку безбедни и модерни ИТ системи.

Секој вработен е одговорен за почитување на интерните политики за заштита на лични податоци на Контекст Вработување и Контекст Вработување има нулта толеранција за случаи кои може да ја доведат во прашање довербата и приватноста на клиентите и пошироката јавност.

Нарушување на безбедноста на лични податоци може да настане во случај на случајно или намерно уништување, губење, менување, откривање или пристап до личните податоци.

Во ваква ситуација, Контекст Вработување веднаш откако дознала за нарушувањето на безбедноста а најдоцна во рок од 72 часа ја известува Агенцијата за заштита на лични податоци. Доколку оцени дека станува збор за ситуација каде што постои веројатност да предизвика висок ризик за правата и слободите на клиентите, и се исполнети законските услови од Законот за заштита на личните податоци, ги известува и сите засегнати физички лица.

Контекст Вработување има донесено соодветна процедура за начинот на кој вработените треба да пријават до Агенцијата за заштита на личните податоци во случај на настанување на безбедносен инцидент поврзан со протекување или нарушување на лични податоци.

9. ИЗМЕНУВАЊЕ / ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОВАА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Политиката на Приватност е усвоена во 2022 година

Контекст Вработување има право да ја ажурира / изменува односно дополнува оваа Политика за приватност на Контекст Вработување со цел усогласување со важечката правна рамка или стандардите на друштвото, доколку истите се повисоки во однос на предвидените со националното законодавство.

Приватна агенција за вработување Контекст Вработување Скопје

АЛЕКСАНДРА БОЖИНОВСКА,овластено лице

_______________________________

АНЕКС број 1 : ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА ВРАБОТЕНИТЕ НА Приватна агенција за вработување Контекст Вработување Скопје

Оваа Политика се однесува на вработените на Контекст Вработување, на практикантите и волонтерите во Контекст Вработување, вработените со договор на дело и на ангажирани лица (во понатамошниот текст: “вработени”). Оваа Политика ги утврдува видовите на податоци што ги обработува Контекст Вработување за вработените во Контекст Вработување, целите на  обработка на нивните лични податоци, времето на чување на истите, заштитата, итн..

Категории на лични податоци на вработените што Контекст Вработување ги обработува

Врз основа на Законот за евиденции од областа на трудот, Законот за работните односи, Законот за практиканство, Законот за волонтерство и други законски и подзаконски акти од оваа област како и заради исполнување на договорните обврски со вработените на Контекст Вработување, Контекст Вработување ги обработува следните лични податоци:

  • име, презиме и татково име на работникот;
  • единствен матичен број на граѓанинот (ЕМБГ);
  • ден, месец и година на раѓање;
  • место на раѓање (општина, населено место и држава);
  • пол (машки-женски);
  • живеалиште и адреса (општина, населено место, улица и број и држава);
  • припадност на заедниците;
  • религиска припадност;
  • учество во синдикат;
  • место на работа (општина, населено место, улица и број, држава);
  • степен и вид на завршено образование (без образование, основно училиште, средно училиште, вишо, факултет, магистри и доктори на наука);
  • степен на стручна подготовка, (НКВ, ПКВ, КВ, ВКВ, ССО за занимање):
  • завршени програми за стручно оспособување (обука, доквалификација и преквалификација) и
  • посебни знаења и способности (компјутерски способности, знаење на странски јазици и други вештини);
    • шифра и опис на занимање;
    • работно време на работникот (полно работно време или скратено);
    • стаж на осигурување до стапувањето на работа кај работодавачот;
    • траење на работниот однос:
  • на неопределено време и
  • на определено време;
    • број на трансакциска сметка;
    • износ на плата;
    • податоци за дисциплински постапки и изречени парични казни;
    • дали е трудов инвалид (здравствени податоци);
    • датум на засновање на работниот однос; · датум на престанок на работниот однос;
    • основа за престанок на работниот однос.
Цели на обработка на личните податоци на вработените на Контекст Вработување

Контекст Вработување ги обработува личните податоци на вработените на Контекст Вработување и за потребите на легитимниот интерес на Контекст Вработување, во следните ситуации:

  • Носење одлука за внатрешно распоредување по сектори, унапредувања, итн...;
  • Донесување на одлуки за платата и други бенефиции;
  • Обезбедување на договорни бенефиции за вработените;
  • Одржување на сеопфатна, ажурирана евиденција за вработените на Контекст Вработување, со цел да се осигури, меѓу другото, воспоставување на ефикасна коресподенција и одржување на соодветни точки за контакт во случај на некоја итност;
  • Ефикасно следење на работењето и ефикасност и преземање соодветни активности, доклку се појави таква потреба;
  • Проценка за потребите за обуки;
  • Ефективно управување за боледувања и одмори на вработените;
  • Управување со системот за законско отсуство од работа и плата, како што се породилно отсуство, неплатен одмор, и слично;
  • Деловно планирање и реструктуирање;
  • Справување со правни постапки против Контекст Вработување;
  • Спречување на измами;
Посебни категории на лични податоци на вработените на Контекст Вработување

Посебни категории на лични податоци кои ги обработува Контекст Вработување се:

  • Здравствени податоци;
  • Етничка припадност;
  • Религиска припадност;
  • Синдикално учество.

Посебните категории на лични податоци се обработуваат заради:

  • интерните процедури за отсуство на вработените од здравствени причини;
  • извршување на разумни прилагодувања за лица со попречености;
  • одредување на неработни денови согласно изјаснетата религиска припадност на вработените на Контекст Вработување;
  • за финансиска помош на вработени и/или членови на нивното поблиско семејство во случај на потешки здравствени и сл. вид на незгоди/несреќи.

Врз основа на законските прописи за заштита на личните податоци, Контекст Вработување не е обврзана да обезбеди посебна согласност за обработка на посебните категории на лични податоци со цел да ги спроведе своите законски обврски коишто произлегуваат од прописите за работни односи, социјално и здравствено осигурување. Во зависност од целта на обработка, можно е во одредени ситуации да побараме согласност за обработка на посебни категории на лични податоци. Во тој случај, вработените се целосно запознаени со причините за обработката.

Корисници и пренос на лични податоци

Контекст Вработување, доколку е потребно може да ги открие личните податоци на овластени колеги од секотрите во рамки на компанијата, кои обработуваат лични податоци врз основа на договор и дадена изјава за тајност и заштита, и кои вршат увид на податоци само доколку се овластени од страна на управител доколку е неопходно со цел да ги извршат своите работни задачи; соодветен раководител заради менаџирање со работните обврски; вработените во Секторот за кадри на Контекст Вработување заради оддржување на досиејата на вработените и/или внесување на податоците во соодветните системи.

Безбедност на обработка на лични податоци

Контекст Вработување ги презема потребните технички и организациски мерки со цел да осигура дека личните податоци на вработените се заштитени од случајно губење или откривање, уништување или злоупотреба.

Време на чување на лични податоци

Во согласност со начелата за заштита на личните податоци, Контекст Вработување ги обработува личните податоци само онолку колку е потребно за исполнување на целите на обработката. Во текот на времетраењето на вработувањето, личните податоци на вработените се водат во евиденцијата на вработени, а по престанокот на работниот однос, во согласност со Законот за архивски материјал, Политиката за чување и уништување на документи и електронски записи и Законот за евиденции од областа на трудот, се чуваат како документ од трајна вредност. Во однос на другите податоци од досието, периодот на чување на податоците може да варира, во зависност од целите на обработката на личните податоци.

Сите податоци поврзани со вработените се чуваат согласно барањата на Законот за работни односи и Законот за архивско работење, односно во временски рок од 45 години.

Сите извештаи за вработени како што се дисциплински и истраги се чуваат 3 години по завршување на работниот однос.

Поплаките кои ги даваат корисниците се чуваат 3 години.

Податоците добиени од потрошувачите или други клиенти преку потпишување на договор се обработуваат за времетраење до исполнување на облигациите од тој договор и се бришат најдоцна 1 година по исполнување на сите права и обврски кои произлегуваат од тој договор.

Автоматско донесување на поединечни одлуки

Контекст Вработување не ги обработува личните податоци на вработените за носење автоматски одлуки поврзани со вработените.

Права согласно Законот за заштита на личните податоци

Правата на вработените во врска со личните податоци и начинот како да ги остварат истите се опишани во Политиката за приватност на Контекст Вработување.

Податоци за контакт

За сите прашања со оваа Политика или други прашања поврзани со заштитата на личните податоци, се опишани во Политиката за приватност на Контекст Вработување.

                                                                       

Приватна агенција за вработување Контекст Вработување Скопје

АЛЕКСАНДРА БОЖИНОВСКА,овластено лице

_______________________________

АНЕКС број 2 : ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО Приватна агенција за вработување Контекст Вработување Скопје

Оваа Политика се однесува на кандидатите за вработување во Контекст Вработување (во понатамошниот текст: “кандидати”). Оваа Политика ги утврдува видовите на податоци што ги чува Контекст Вработување за кандидатите за вработување, целите на обработка на нивните лични податоци, времето на чување на истите, итн..

Категории на лични податоци на кандидатите за вработување што Контекст Вработување ги обработува

Контекст Вработување ги обработува следните лични податоци на кандидати за работа:

  • Име и презиме, адреса, датум на раѓање, телефонски број;
  • Слика и тоа единствено со изречна согласност од кандидатот, дадена во согласност со Законот за заштита на личните податоци;
  • пол;
  • информации вклучени во CV-то, вклучвајќи степен на образование и историја на вработување;
  • документација за потврдување на правото кандидатот да работи во Република Северна Македонија;
  • возачка дозвола (за одредени работни позиции).
Цели на обработка на личните податоци на кандидатите за вработување во Контекст Вработување

Дополнително, Контекст Вработување има легитимен интерес да ги обработува личните податоци на кандидатите за вработување заради следниве цели:

  • Носење одлука кому да му се понуди вработување од кандидатите пријавени за работното место, внатрешно распоредување по сектори, унапредувња и слично;
  • Донесување на одлуки за платата и други бенефиции;
  • Проценка за потребите за обуки.

Доколку апликацијата не е успешна и на кандидатот не му е понудено работното место, личните податоци нема да бидат употребени за било каква друга причина. Истите ќе бидат уништени од базата на податоци на Контекст Вработување. При горниот случај, Контекст Вработување може да побара согласност од кандидатот за да ги зачува неговите лични податоци во базата на податоци на потенцијални кандидати за вработување, во случај да се појават соодветни слободни работни места во организацијата за кои смета дека би сакале да аплицираат во рок од 1 или 2 година максимум.

Корисници и пренос на Вашите лични податоци

Како кандидат за вработување во Контекст Вработување, Контекст Вработување ги открива личните податоци на раководителот на Секторот за работното место за коешто аплицирал кандидатот, како и на останатите вработени лица во Контекст Вработување задолжени за интервјуирање и селекција на кандидати.

Безбедност на обработка на личните податоци

Контекст Вработување ги презема потребните технички и организациски мерки со цел да осигура дека личните податоци се заштитени од случајно губење или откривање, уништување или злоупотреба.

Време на чување на личните податоци

Во согласност со начелата за заштита на личните податоци, Контекст Вработување ги обработува личните податоци само онолку колку е потребно за исполнување на целите на обработката, а истото зависи од тоа дали апликацијата на кандидатот ќе биде успешна или неуспешна.

Доколку апликацијата е неуспешна, и притоа Контекст Вработување нема согласност од кандидатот да ги чува неговите лични податоци за идни отворени работни позиции во Контекст Вработување, личните податоци ќе ги чува најмногу 60 дена од денот на завршување на изборот за работната позиција.

Доколку Контекст Вработување побарал и добил согласност за чување на личните податоци за идни отворени работни позиции во Контекст Вработување, податоците ќе ги чува во период од 1 или 2 години, во зависност од согласноста.

По завршување на овој период Контекст Вработување ќе ги уништи личните податоци, освен во случај ако порано кандидатот ја повлекол согласноста.

Доколку апликацијата е успешна, личните податоци ќе бидат пренесени во евиденцијата на вработени на Контекст Вработување.

Приватна агенција за вработување Контекст Вработување Скопје

АЛЕКСАНДРА БОЖИНОВСКА,овластено лице

O nama

Kontekst jeste tim sastavljen od diplomiranih filologa koji imaju ogromno iskustvo u sprovođenju programa kulturne razmene i bukvalno svaki član tima bar jednom bio učesnik jednog od studentskih programa, čime je Agencija Kontekst postala prepoznatljiva i poštovana agencija na celom Balkanu i šire.

Lokacija

Употреба на колачиња (Cookies)

Оваа веб-страна користи колачиња за автентикација, навигација и останати функции. Со користење на веб-страната се согласувате да ги добиете колачињата на вашиот уред.