Работна позиција - Работник на шанк / бариста
Ракување со каса, преземање нарачки на драјвтру, подготовка на кафиња и пијалоци и други производи од менито, чистење на ресторанот, извршување на зададените задачи од страна на претпоставениот.
Плата
- 13,50 евра/час бруто
- 40 часа неделно / со работни смени од 6.5h до 8h
- Можност за работа прекувремено доколку ресторанот има потреба
- 4 седмици платен одмор
- Ротациски смени (првата смена почнува од 5:30h, последната завршува во 20h)
- Работа за викенди и празници
Сместување
- Првиот месец работодавецот обезбедува сместување, после првиот месец може да се продолжи таму со живеење, ама работникот треба да си плаќа
- Најчесто станува збор за сместувања во кои се дели собата кујната и тоалетот
- Доколку кандидатот не се согласува со условите за сместувањето, должен е да си најде сместување сам, но мора однапред да го наjави истото
- Контекст не сноси никаква одговорност во однос на сместувањето обезбедено од работодавачот.
- Просечната цена на сместувањата се движи помеѓу 500-650 евра за кревет
- Првиот месец работодавецот обезбедува службено возило кое се дели меѓу двајца работници, после првиот месец можат да продолжат да го возат, ама ќе треба самите да го плаќаат горивото и трошокот за користење на возилото
Локации
Ramstein, Grafenwoehr, and Spangdahlem
Потребни познавања по германски jазик
- Работодавачот прифаќа кандидати без познавање на германски јазик, но задолжително е кандидатот да има познавање од разговорно ниво на англиски јазик.
- Во секој случај, вработените се должни континуирано да го изучуваат и подобруваат германскиот јазик.
Задолжително е кандидатотот да поседува возачка дозвола за Б категорија.