- Што претставува програмата Work & Travel USA?
-
- Оваа програма претставува културолошка размена која им овозможува на студентите да живеат и работат во Америка за време на летниот распуст пропишан од нивниот факултет. Работниот дел од програмата трае до 4 месеци, а студентите добиваат и простор од 1 месец за туристички екскурзии.
- Каква програма е Work & Travel Deutschland?
-
- Work & Travel Deutschland, или како што е попозната во Германија – Ferienbeschaftigung, претставува летна студентска работа, преку која студентите ги искористуваат дозволените 90 дена во Европска Унија работејќи, патувајќи и дружејќи се во Германија.
- Дали е потребна виза за Work & Travel USA?
-
- Студентите кои учествуваат на оваа програма добиваат Ј1 виза која ја издава Амбасадата на САД на интервју кое го закажува агенцијата во период од март-јуни.
- Дали учесниците на Work & Travel Deutschland имаат потреба од виза?
-
- На македонските граѓани им е дозволен престој од 90 дена во Европска Унија, што значи дека студентите кои одат на оваа програма ги користат токму тие 90 дена и немаат потреба од дополнителна виза. Сепак, тоа би значело дека тие нема да можат да патуваат во земја членка на Европската Унија 90 дена пред и по студентската работа. Но, за да можат да работат во текот на тие денови, се аплицира за работна дозвола, која се добива 4-8 недели по аплицирањето.
- Што се подразбира под спонзор на програмата во САД?
-
- Спонзор е лиценцирана агенција од САД која на студентите им го издава документот DS2019 кој е потребен при процедурата за виза. Исто така, истиот спонзор го посредува вработувањето кај вашиот работодавач и во секој момент стои на располагање на студентите за било каков проблем во текот на престојот во САД.
- Дали и во програмата во Германија има спонзор?
-
- Не, Контекст претставува директен регрутер за партнерите и работодавачите во Германија, па токму затоа и посредувањето за оваа програма е бесплатно.
- Што претставува Social Security Number – SSN?
-
- ССН е единствен број кој се доделува на сите учесници на програмата во САД, без кој не може легално да се вработите во САД. Добиенот ССН важи за секое идно патување во САД, а за него се аплицира во најблиската надлежна канцеларија во САД. Овој број е строго доверлив и не смее да се споделува со никој.
- Што претставува Steuernummer?
-
- Даночен број, со кој влегувате во даночниот систем во Германија. Овој број треба да го добиете пред да ја добиете првата плата за да не ве стават во погрешна даночна класа, а со тоа и да платите повеќе данок.
- Дали студентите можат да го напуштат работното место обезбедено од спонзорот?
-
- НЕ! Доколку го напуштите работното место доделено од спонзор агенцијата, автоматски се укинува визата и во рок од најчесто 10 дена морате да ги напуштите САД. Доколку се соочувате со неправилности на работното место треба да не контактирате нас или вашиот спонзор во САД со цел да се надје решение и само со дозвола на спонзорот да се промени работната позиција.
- Дали може студентите да го променат работното место на програмата во Германија?
-
- Не. Доколку сакате да го промените работното место додека сте таму, ќе треба да дадете отказ од моменталната работна позиција, па одново да се започне целата постапка, што како што напоменавме претходно, трае од 4-8 недели.
- Дали може да работите повеќе од 1 работа во САД?
-
- Да, дозволено е да работите до 3 работи. Но, мора да се знае дека втората или третата работа не смеат да и пречат на првата доделена од спонзорот. Исто така секоја нова работна позиција мора да биде проверена и одобрена од спонзор агенцијата цо САД.
- Дали е дозволено да работиш повеќе од 1 работа на Work & Travel Deutschland?
-
- Во Германија може да работите само кај 1 работодавач. Минимум работни часови се 169 часа, со можност за повеќе доколку вие имате желба за тоа, а работодавачот има потреба за тоа.
- Дали можат неколку студенти да се пријават и да работат на исто место заедно?
-
- Се разбира дека може, но потребно е истото да го наведат при аплицирањето.
- Кога започнува и до кога трае програмата Work & Travel USA?
-
- 06.2024 – 10.2024
- Кога започнува и до кога трае програмата Work & Travel Deutschland?
-
- Ова прашање зависи од официјалниот летен распуст пропишан од факултетот на кој студирате. Најчесто студентите започнуваат со работа од 15.06, или од 01.07. Програмата трае 90 дена од моментот на влез во Германија.
- До кога трае пријавувањето за студентските програми?
-
- Пријавувањето за САД трае до 01.04.
- Пријавувањето за програмата во Германија трае до моментот на исполнување на капацитетот на работните позиции. Според искуството од минатите години, 90% од работните позиции се пополнети до март, а останатите 10 проценти се пополнуваат во текот на април.