Студентска работа во Германија

Општи информации за програмата

Контекст успешно посредува студентска работа во Германија повеќе од 16 години. Програмата е дел од културна размена, која им овозможува на младите луѓе да се запознаат со јазикот, културата, и обичаите преку практично искуство, додека стекнуваат работни навики. За многу студенти, ова претставува прво работно искуство и прва заработка. Програмата е наменета за сите редовни студенти на возраст од 18 до 35 години, кои имаат основно познавање на германски јазик или разговорно ниво на англиски, и се во можност да работат до 90 дена за време на официјалниот летен распуст, определен од факултетот на кој студираат.

За да започнат со работа во Германија, престојот и работното место треба да бидат регулирани и одобрени од Zentrale Auslands- und Fachvermittlung (ZAV). Контекст ја подготвува и посредува целокупната потребна документација за студентска работа - БЕСПЛАТНО! Студентите не плаќаат никакви такси за учество во програмата, ниту им се одбива од платата додека се во Германија. Контекст е официјален регрутер за McDonald's и други партнери, што овозможува бесплатна услуга за посредување.


Работни позиции и локации

По пријавувањето за студентска работа во Германија и комплетирањето на сите потребни документи, следува распоредувањето на работните позиции. Распределбата зависи од вашето познавање на германскиот јазик, претходното работно искуство, како и од специфичните барања на работодавачите. Ќе бидете навремено информирани за работното место и локацијата, по што ќе треба брзо да одлучите дали ја прифаќате понудата. Работното место и локацијата ќе бидат внимателно избрани според вашите барања и квалификации. Одбивањето на понудата значи дека ја одбивате можноста за работа, а втора понуда ќе добиете откако ќе бидат распоредени останатите студенти.

Најголем дел од работните позиции се во областа на системската гастрономија, како и во чистење и дезинфекција на објекти. Работата се одвива во ротационен систем и во три смени. Локациите се распространети низ цела Германија, вклучувајќи ги најголемите градови кои се атрактивни за нашите студенти: Берлин, Минхен, Хамбург, Франкфурт, Келн и други. За студентите кои првпат учествуваат во оваа програма, препорачуваме да изберат помало место за полесна адаптација кон новата средина и животниот стил.


Плата

Од 01.01.2025  минималната плата во Германија изнесува 12,82  евра на час бруто. Во зависност од работната позиција, платата може да варира од 12,82 евра до 14 евра бруто по работен час, со минимум 39,5 работни часа неделно или 169 часа месечно. Се разбира, на студентите им следува најмалку 30-минутна пауза во текот на работниот ден, која не е платена.

Студентите во Германија подлежат на персонален данок, кој изнесува од 12% до 14%, во зависност од бројот на дополнителни часови, ноќни смени и слично.


Сместување

Мал број работодавачи нудат сместување и/или храна, при што трошоците за овие услуги се одбиваат од платата. Најчесто, ваквото сместување е колективно, каде повеќе студенти делат соба, тоалет и кујна. Кога работодавачот обезбедува сместување, Контекст нема надлежност или одговорност за условите во тоа сместување.

Во случај работодавачот да не обезбеди сместување, иако тоа не е обврска на Контекст, и студентот и агенцијата паралелно бараат сместување. Контекст како агенција за вработување може да им помогне на кандидатите во пронаоѓање сместување, но нема законска обврска да го обезбеди.


Заклучок

Доколку си студент под 35 години, имаш основно познавање на германски јазик или добро владееш англиски, и сè уште немаш планови за следното лето, ова е одлична можност за тебе! Придружи се на други студенти, запознај луѓе од целиот свет, истражувај нови места и посети некои од најголемите европски метрополи, сето тоа додека заработуваш солидна сума пари. Не чекај повеќе – аплицирај за програмата и почни со подготовка на документите уште денес!

- Апликациите се во тек и можете да аплицирате на: Апликација за студентска работа


Брошура за W&T Германија


Имате дополнителни прашања, а не можете да ги посетите нашите канцеларии? Закажете си онлајн инфо сесија на: Calendly

За Нас

Контекст е тим составен од дипломирани филолози кои имаат огромно искуство во спроведување на програмите за културна размена. Секој од тимот бил на некоја од програмите за културна размена. Наши карактеристики се исклучителна професионалност, висок стандард во комуникација, искрена и напорна работа со која Агенција Контекст стана препознатлива и почитувана агенција на целиот Балкан и пошироко.

Локација

Употреба на колачиња (Cookies)

Оваа веб-страна користи колачиња за автентикација, навигација и останати функции. Со користење на веб-страната се согласувате да ги добиете колачињата на вашиот уред.