Летото 2019 година ќе го паметам по највозбудливото прво work and travel искуство кое никогаш нема да го заборавам. Покрај толку многу градови сепак го избрав Берлин како еден од најубавите дестинации каде што има што да видиш! Првото кафе во Берлин го испив покрај брегот со поглед на реката Шпре, навистина преубава релаксација.
Работев во големиот забавен парк Карлс, каде што запознав луѓе од целиот свет и различни култури.
Оваа програма е нешто што не смее да се пропушти и навистина сакам да препорачам на секого да го искуси студентскиот провод во Германија затоа што се стекнуваат искуства што не се купуваат со пари!