Летото 2018 беше моето најинтересно лето. Тогаш работев во Штутгарт, град кој претходно го имав посетено, и дефинитивно сакав да се вратам пак, па оваа програма ми го овозможи тоа.
Таму работев со многу млади од Македонија, како и Балканот, но имаше и вработени од повеќе земји. Таму имав можност да запознаам различни култури и навики, како и да почувствувам како живеат Германците таму. Како љубител на фудбалот, добра храна и ладно пиво, Германија беше рај за мене. Се на едно место. Прошетав и во Франкфурт, Минхен, Мајнц гледајќи фудбал од трибините. Ноќниот живот беше супер во Штутгарт, запознавајќи се со многу луѓе.
Не двоумете се, доколку не сте биле, ова е вистинска шанса да ја запознаете Германија, да прошетате и да заработите пари одеднаш