Иако за многумина ова беше едно од најлошите лета кои ги имале поради карантинот и сите рестриктивни мерки, јас можам да го кажам сосема спротивното. Ова лето беше од најубавите лета за мене досега, благодарејќи на Work and travel програмата.
Бев сместена на северот на Германија, во мало гратче по име Капелн. Убавината на ова гратче е тоа што е опкружено со голем број на градови, кои се “a must” за посетување. Таков град е Киел. Најголем впечаток кој ми го остави Киел е избалансираната испреплетеност на урбаното со историското. Токму во таков еден урбан дел се наоѓа единствената куќичка која опстојала за време на Втората светска војна и сега е музеј, кој ја објаснува историјата на оваа куќичка и се што се случувало во неа. Исто така, на половина час од Кiel се наоѓа мало гратче Laboe, познато по својата значајна улога кое ја имало како центар на сите морски подвизи со кои се соочувала Германија во 20тиот век.
Доколку барате забава, шопинг, култура, историја и се друго што може да понуди еден град, со сигурност ви препорачувам да го посетите Кiel. Нема да зажалите.