Летото 2019 ми беше најнезаборавното лето досега. Бев сместена во Бухолц, градче во близина на Хамбург. Фактот дека бев во непосредна близина на Хамбург ми овозможи да посетам многу интересни локации и да вкусам различни видови на веганска храна која ја нудат многубројните ресторани. Атмосферата на работното место беше незаменлива, работев со луѓе од различни држави и имав шанса да се дружам, да го почувствувам тимскиот дух, а воедно и да си го подобрам германскиот. Оваа програма би му ја препорачала на секој млад човек кој сака да излезе од комфорната зона, да запознае нови луѓе и различни култури и да научи како да живее самостојно.