За нас, летото 2019 беше едно од најубавите лета. Бевме сместени во градот Франкфурт кој се смета за еден голем модерен економски центар. Во Франкфурт има голем број на фасцинантни места и атракции кои дефинитивно треба да се посетат, почнувајќи од Меѓународниот аеродром, па се до железниот мост на реката Мајна, низ кој особено во вечерните часови е романтично да се прошета и да се ужива во запалените светла во Франкфурт и Мајна со високите облакодери. Омиленото место кое го посетивме е Главната Кула во Франфурт каде што можете да уживате во прекрасните погледи на хоризонтот на Франкфурт.
Покрај работата имавме и слободно време за прошетка низ градовите Минхен и Стразбург. Нашето работно искуство беше на аеродромот во Франкфурт, каде што многу лесно се приспособивме благодарение на пријатната работна атмосфера и прекрасните колеги.
Оваа програма е навистина најдоброто нешто кое можете да го направите за себе а воедно и да се стекнете со различни искуства, истражувајќи нови места и култури