Во текот на нашето 17-годишно функционирање како агенција, процедурата многупати се менувала, а Контекст секогаш навремено се прилагодува и придржува кон новите регулативи. Доколку имате европски пасош, сè што треба да направите е да ги разгледате моменталните работни позиции и да нè контактирате. Во случај да немате европски пасош, првата виза мора да биде издадена од Амбасадата на Германија. Иако постојат повеќе начини за долгорочно вработување во Германија, ние моментално работиме само со неквалификуван кадар, преку програмата „Регулатива за Западен Балкан.“
Добивање термин за виза
За да работите како неквалификуван кадар по Регулативата за Западен Балкан, потребно е да имате предодобрение од надлежната Сојузна агенција за вработување во Германија. Вашиот работодавец може да го поднесе барањето во ваше име. Откако ќе го добиете предодобрението, ќе можете да закажете термин на страницата на Висаметрик Скопје.
Работни позиции
Доколку сакате да работите во Германија, сега е вистинскиот момент да нè контактирате! Располагаме со широк спектар на работни позиции, вклучувајќи системска гастрономија, дистрибуција, дезинфекција и неутрализација на објекти, вработување на аеродроми и други слични позиции. Следниот чекор е да ни испратите е-пошта или да дојдете во нашите канцеларии со подготвено CV на германски јазик и вашиот пасош. Заедно ќе одлучиме кое работно место и локација најдобро одговараат на вашите желби и потреби, како и на барањата на работодавачот.
Доколку сè уште немате CV, можете да го изработите на нашата веб-страница на следниот линк: направи CV.
Контекст ќе ве предложи на работодавачот, а откако ќе ги добиеме потребните документи од негова страна, ќе го комплетираме целиот пакет на документи за терминот – сето тоа без никакви трошоци за посредување! Нема да плаќате ниту по добивањето на визата, ниту пак имаме процент од вашата плата. Контекст е официјален регрутер за многу германски работодавачи, што значи дека посредувањето е бесплатно! Нашите услуги ги плаќаат работодавачите, и тоа не влијае на вашата плата.
Доколку имате прашања, слободно контактирајте нè преку телефон, социјалните медиуми или посетете ги нашите канцеларии! Работните позиции постојано се менуваат, па во моментов ги имаме следните понуди:
Имате дополнителни прашања, а не можете да ги посетите нашите канцеларии? Закажете си онлајн инфо сесија на: Calendly