Габор

Габор

Manuvia, во соработка со Контекст Вработување за потребите на својот клиент, GABOR spol. s r.o. (меѓународен производител на модерни женски чевли од брендот Габор. Компанијата е основана во Германија пред 100 години како семеен бизнис. Во Словачка работи од 1996 година) бара работници за долгорочно вработување на следните работни позиции:

Работна позиција: работници за производство на чевли

Локација: 

Bánovce nad Bebravou


Што се очекува од кандидатот:

Кандидатите не мора да имаат искуство во производство на чевли или да работеле во производство, работата е лесно совладлива и важна е желбата за учење.

Компанијата вработува и парови  на возраст до 50 години. Со работа се започнува во септември.  Сите неопходни документи за добивање престој ги обезбедува компанијата.


Плата (нето):

680 - 890 евра/месечно


Бенифиции за вработените:

  • Просечна плата после обука 820 евра;
  • Бонус за присуство од 50 евра месечно;
  • Компанијата на вработените им дава 13 и 14 плата.
  • Дозволено е да се работи прекувремено, работа 3,75 часа 2 пати неделно (вторник и четврток) и истата се плаќа 25% повеќе од регуларната работа по час, и се исплаќа со платата на крајот на месецот.

Сместување

Ubytovanie – Sineko s.r.o. Bánovce nad Bebravou – сместувањето е бесплатно во првите 6 месеци, потоа се плаќа 100 евра/месечно. На работа од сместувањето може да се оди пеш или со автобус.

За повеќе информации за оваа можност за работа во Словачка побарајте нé нa тел: 078 274 420, или испратете ни ваша кратка биографија на следната емаил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

За Нас

Контекст е тим составен од дипломирани филолози кои имаат огромно искуство во спроведување на програмите за културна размена. Секој од тимот бил на некоја од програмите за културна размена. Наши карактеристики се исклучителна професионалност, висок стандард во комуникација, искрена и напорна работа со која Агенција Контекст стана препознатлива и почитувана агенција на целиот Балкан и пошироко.

Локација

Употреба на колачиња (Cookies)

Оваа веб-страна користи колачиња за автентикација, навигација и останати функции. Со користење на веб-страната се согласувате да ги добиете колачињата на вашиот уред.