Hopi

Hopi

Manuvia, во соработка со Контекст Вработување за потребите на својот клиент Hoppi (водечка европска компанија со долгогодишно искуство во логистиката со седиште во Чешка) има потреба од работници во Одделот за логистика на следната работна позиција во Република Чешка:

Работник во магацин/ Работа на вилушкар / возило за товарање

Работните обврски вклучуваат:

  • Управување со роба / палети со вилушкар;
  • Способност за следење на инструкции за работа и работни упатства;
  • Прецизност и точност во извршувањето на работните задачи. 

​Услови за работа:

  • Задолжително искуство со возење вилушкар или технички предзнаења за работа и управување на вилушкари;
  • Организираност и одговорност;
  • Самоиницијативност,темелност,енергичност и целосна посветеност на работата;
  • Способност за тимска работа и работа во динамична средина;
  • Подготвеност за работа во три смени;
  • Извршување на работните обврски во работна средина со температура од 17°C и средина со температура од 4-6 °C;
  • Лојални работници за долгорочно вработување;
  • Пожелно е претходно искуство во магацин / логистика.

Што нудиме?

  • Стабилна работа;
  • Солидни и редовни месечни примања со плата од 750 еур – 1200 еур;
  • Прекувремена работа платена дополнително 25% од основната плата;
  • Работа во ноќна смена и за време на викенди платено дополнителни 10% од основната плата;
  • Платен топол оброк за време на работната смена;
  • Месечни бонуси (од 160-250 еур месечно);
  • Обезбедено сместувањето во домови бесплатно во првите 6 месеци;
  • Бесплатен обезбеден превоз од – до работното место.

За повеќе информации за оваа можност за работа во Чешка побарајте нé нa тел: 078 274 420, или испратете ни ваша кратка биографија на следната емаил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

За Нас

Контекст е тим составен од дипломирани филолози кои имаат огромно искуство во спроведување на програмите за културна размена. Секој од тимот бил на некоја од програмите за културна размена. Наши карактеристики се исклучителна професионалност, висок стандард во комуникација, искрена и напорна работа со која Агенција Контекст стана препознатлива и почитувана агенција на целиот Балкан и пошироко.

Долгорочно вработување

Локација

Употреба на колачиња (Cookies)

Оваа веб-страна користи колачиња за автентикација, навигација и останати функции. Со користење на веб-страната се согласувате да ги добиете колачињата на вашиот уред.